Пеп стравува дека Сити нема да се пласира во ЛШ, фудбалерите биле во карантин за Божиќ!
Причина за тоа е катастрофалната форма во која се наоѓаат, па Пеп не сака да остави ништо на случајот во пресрет на денешниот натпревар против Евертон.
Тренерот на Сити не сакал неговите фудбалери да заглават длабоко во ноќта со прослава и да пристигнат со помал фокус на мечот.
„Во моментов ризикуваме да не се пласираме во Лигата на шампионите. Дефинитивно сме под ризик. Треба да освојуваме бодови, да победуваме на натпревари, во спротивно нема да се квалификуваме во Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити игра во најлошата форма откако е тренер Пеп Гвардиола, на последните 12 натпревари имаат само една победа, дури девет порази и две нерешени средби.
Клубот може да добие и казна, па ако таа биде со одземање на бодови, можеби и да ја вратат формата, нема да стигнат до место во Лигата на шампионите.