Аморим: Ги правам работите на мој начин, ако не работам така - ќе се загубам!
Аморим брзо откако пристигна на Олд Трафорд влезе во конфликт со Рашфорд. Тоа се случи откако реши да не го повика за еден од натпреварите и оттогаш напаѓачот не е во составот, не седи ниту на клупата.
„Одлуката да биде изоставен Рашфорд е моја. Тој сака да игра, се обидува. Тоа е моја одлука, само моја одлука“, вели Аморим.
„Ги правам работите на мој начин и тоа е единствениот начин кој го знам. Ако не правам таоа, ќе се загубам себеси. Знам што правам“.