Нов „страшен“ резултат за Ѓуретановиќ - македонски рекорд за историјата!
Ѓуретановиќ стана првиот македонски пливач кој успеал да исплива 400 метри слободно во 50 метарски базен под четири минути и тоа го направи на свои 17 години.
Рекордот Ѓуретановиќ го постигна на меѓународното натпреварување во Ниш каде што исплива за време од 3:57.75. Претходно македонскиот рекорд го држеше Марко Блажевски со време од 4:00:53.
Денешното време на Ѓуретановиќ беше и за речиси девет секунди подобро од времето на Олимписките игри летово во Париз, а со истото би бил и пред седум пливачи во Париз.
Во Париз македонскиот пливач заврши последен со време од 04:05:38.