Барселона потврди: Се повреди Феран Торес

Во завршницата од годината екипата на Барселона се соочува со дополнителен проблем и по натпреварот со Атлетико Мадрид тимот остана без услугите на одличниот Феран Торес.

Фудбалерот се здоби со повреда на мускулот и информациите од Шпанија говорат дека ќе треба да паузира околу две недели.

„Феран Торес се здоби со повреда за која е потребна магнетна резонаса за се открие тежината. Веројатно не се работи нешто сериозно, но извесен период ќе помине надвор од терените за да закрепне“, објави Барселона.