Гвардиола ја користи кризата во Барселона за да добие големо засилување

Барселона сè уште не може да ги реши проблемите кои ги има за регистрацијата на Дани Олмо, а ситуацијата за шпанскиот репрезентативец будно ја следи и тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Каталонскиот гигант го купи Олмо од Лајпциг за 55 милиони евра и успеа да го регистрира за првиот дел од сезоната, но сега се појави проблем за кој активно се бара решение од Жоан Лапорта.

Гвардиола смета дека е во пол-позиција доколку се оствари црната прогноза и Барселона не може да го регистрира Олмо што значи дека Шпанецот ќе бара нов дестинација за својата кариера.