Баерн ја откажа прославата за да им оддаде почит на жртвите во Магдебург (ВИДЕО)

На стадионот на Баерн Минхен вчера требаше да има голема „Божиќна прослава“ со навивачите, но истата беше откажана поради терористичкиот напад во Германија.

Баерн го прегази Лајпциг со 5-1, но оваа победа не се прослави онака како што се очекуваше.

Директорот на Баерн, Јан Кристијан Дрисен се симна на теренот и имаше обраќање до присутните на стадионот.

„Можеби веќе сте слушнале или прочитале, имаше страшен напад во Магдебург. Не е потврден број на загинати и повредени откако едно лице влета во топла луѓе на божиќе базар. Поради тоа прославата е откажана и ќе ве замолам сите да станете“, објасни Дрисен.

Според последните информации во нападот пет лица го загубиле животот, а над 200 се повредени.