Барселона мора да „жртвува“ еден фудбалер за да го регистрира Олмо
Олмо пристигна во Барселона пред почетокот на сезоната за 60 милиони евра, но каталонскиот тим веднаш се соочи со проблеми.
Среќа во несреќа за Олмо беше повредата на Кристенсен, па тоа ја отвори вратата на Барселона да го регистрира Шпанецот.
Меѓутоа таа регистрација важеше само до крајот на годината и од јануари Олмо нема право да игра за Барселона.
Барселона бара ново решение, а едно од нив е да го „жртвува“ Ерик Гарсија и да го продаде за 25 милиони евра.