Албанска легенда крена глас: Не знам зошто УЕФА допушта да играме против Србија!
Албанија и Србија се најдоа во иста квалификациска група за Светското првенство 2026 година, а сеќавањата на нивниот последен дуел во Белград пред околу една деценија сè уште се свежи, кога натпреварот беше прекинат поради инциденти со дрон, националистички испади и тензии на теренот. Албанија доби победа од 3-0 на „зелената маса“, додека Србија остана без бодови. Овој развој беше клучен за Албанија да се пласира на своето прво Европско првенство во 2016 година.
УЕФА веќе има регулативи со кои се спречуваат меѓусебни дуели меѓу земји кои се во конфликт или имаат значајни несогласувања, поради што Цана смета дека и Србија и Албанија треба да бидат на оваа листа.
„Верувам дека и двете репрезентации не сакаат вакво нешто да се повтори. ФИФА и УЕФА имаат правила кои забрануваат натпревари меѓу земји во директен конфликт или со политички несогласувања. Иако нашите земји не се во директен конфликт, сепак ситуацијата е деликатна. Поради тоа што го доживеавме како нација, особено како албанско малцинство во Југославија, не е логично да играме еден против друг. Односите со Србите и процесите низ кои поминуваме го прават натпреварувањето проблематично, особено во контекст на Косово и сè што се случува таму“, изјави Цана.
Првиот дуел меѓу Албанија и Србија е закажан за јуни, кога квалификациите ќе започнат во Тирана.