Катастрофа на Голден Стејт: Кари задржан на два поена, Вориорс загубија 51 разлика
Домаќините славеа со 51 разлика (144-93), а во текот на мечот нивното водство изнесуваше и 57 поени. Главната причина за дебаклот на Вориорс лежи во очајната игра на двајцата носители на тимот Стеф Кари и Дрејмонд Грин.
Првата ѕвезда во екипата Кари го заврши мечот со само два поена и без кош од игра: 0/7, вклучувајќи 0/6 за тројка. Додаде уште три скока и една асистенција, а овој меч ќе остане запишан како можеби најлош во неговата кариера. Грин беше уште полош, не постигна ни поени, а не забележа ни скок, ни асистенција.
За Голден Стејт дебитираше Денис Шредер, но и тој не се прослави затоа што постигна пет поени со шут од игра 2/12. Санти Алдама беше најдобар кај Мемфис со 21 поен и 14 скока, а радоста на домаќините делумно ја расипа повредата на Џа Морант иако првите информации се дека не се работи за ништо сериозно.