Потврдено: Кирјос и Ѓоковиќ ќе играат заедно во двојки!

Aвстралискиот тенисер Ник Кирјос преку социјалните мрежи денеска објави дека на турнирот во двојки во Бризбејн ќе настапи заедно со Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Кирјос претходно потврдија и дека ќе играат во Бризбејн во сингл конкуренција, а сега е потврдено и дека ќе ги видиме на иста страна во двојки. Турнирот во Бризбејн е на програмата од 29 декември до 5 јануари.

Британските медиуми потсетуваат и дека Кирјос се враќа на теренте по 18 месеци поради повреда.

Ќе потсетиме, помеѓу Ѓоковиќ и Кирјос денеска владее големо пријателство, но во минатото се започна со одредена нетрпеливост помеѓу двајцата.