Иниеста на специјално „Ел Класико“ во Токио се збогуваше од фудбалот (ФОТО+ВИДЕО)

Во Токио беше одигран натпревар помеѓу легендите на Барселона и Реал Мадрид со кој легендарниот Андрес Иниеста се прости од фудбалот.

Иниеста пред два месеци објави дека ја заввршува кариерата, а за викендот во Токио се одигра специјално „Ел Класико“ пред 45.000 гледачи кое завеши со победа на неговата екипа од 2-1.

„Мислам дека ова беше одличен натпревар за јапонските навивачи. Ако си заминаа дома задоволни, среќен сум“, изјави Иниеста кој пет години го носеше дресот на Висел Кобе откако во 2018 година ја напушти Барселона.

Во тимот на Барселона помеѓу останатите настапуваа: Чави Ернандез, Ривалдо, Рафаел Маркез и Хавиер Савиола, додека дресот на Реал Мадрид го носеа: Роберто Карлос, Фабио Канаваро и Икер Касиљас.

Иниеста најдобрите денови од кариерата ги помина во Барелона со која во 16 сезони освои 32 трофеи меѓу кои девет ттиули во Примера и четири трофеи во Лигата на шампионите.