ЕХФ го одреди идеалниот тим на Европското првенство, доминираат ракометарки од Унгарија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во завршниот ден од Европското првенство го одреди и идеалниот тим на континенталниот собир.

За тимот гласаа новинари и ракометни експерти, во него најмногу има ракометарки од Унгарија, дури три иако оваа селекција не се пласира во финалето на Европското првенство.

Лево крило: Ема Фрис (Данска)
Лев бек: Тјаша Станко (Словенија)
Среден бек: Хени Рајстад (Норвешка)
Десен бек: Катрин Клујбер (Унгарија)
Десно крило: Викторија Гиори-Лукаш (Унгарија)
Кружен напаѓач: Татјана Брновиќ (Црна Гора)
Голман: Ана Кристенсен (Данска)
Најдобар одбранбен играч: Паулета Фопа (Франција)
Најдобар млад играч: Петра Симон (Унгарија)

Европското првенство завршува денеска со финалето меѓу Данска и Норвешка кое се игра од 18 часот.