Фрајбург водеше со 3-0, па се „тресеше“ за победа против Волфсбург

Фудбалерите на Фрајбург освоија три бодови со победата против Волфсбург од 3-2 во 14. коло од германската Бундеслига.

Фрајбург постигна гол за водство преку Кублер во 42. минута, а потоа истиот фудбалер зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел.

Сè одеше по планот за домаќинот откако Грегориш стрелаше за 3-0 по еден час игра, но потоа Волфсбург почна да се буди и преку Винд и Сванберг на 10 минути пред крајот намали на еден гол негатива (2-3).

Волфсбург се обидуваше да избегне пораз, меѓутоа Фрајбург успеа да го зачува водството и да слави со 3-2.

Фрајбург се наоѓа на петто место со 24 бодови, додека Волфсбург има 21 поен на шестата позиција во германскиот шампионат.