Црвена Звезда го доби братското дерби против Олимпијакос

Српскиот гигант Црвена Звезда ја запиша третата победа во последните четири меча во Евролигата, откако вечерва на домашен терен славеше со 87-73 против Олимпијакос.

Братското дерби во Белград почна со израмнета игра, иако на полувремето Ц. Звезда замина со предност од само еден поен (39-38).

Ц. Звезда ја направи најголемата разлика во третата четвртина, која ѝ припадна со 28-15, по што Олимпијакос бркаше негатива до крајот на мечот, но не успеа да ја стигне (87-73).

Везенков беше најефикасен кај Олимпијакос со 19 поени, 10 скокови и една асистенција, додека Недовиќ запиша 18 поени и четири асистенции за Ц. Звезда.