Перо Антиќ како вистински „делија“ - во први борбени линии ја бодри Ц.Звезда! (ФОТО)

Поранешниот македонски кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Перо Антиќ е во Белград каде што го гледа дуелот меѓу Црвена Звезда и Олимпијакос во 15. коло од Евролигата.

Антиќ се појави во Арената во Белград, каде што го гледа судирот на неговите поранешни клубови, а притоа доби дрес од Ц. Звезда како подарок и веднаш го облече, по што ги поздрави навивачите на српскиот тим.

Дресот на Ц. Звезда го носеше од 2005 до 2007 година, а потоа играше и за грчки Олимпијакос од 2011 до 2013 година.

Првиот човек на македонската кошарка и претходно покажа дека е голем навивач на белградскиот тим, па така на почетокот на 2023 година на меч меѓу тогашната репрезентација и поранешните великани на Македонија се појави во дуксер на кој пишуваше - Црвена Звезда.