Антиќ на мечот помеѓу Македонија и Македонија дојде во дуксер – Црвена Звезда (ФОТО)
Првиот човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на трибините во салата „Борис Трајковски“ се појави во дуксер на кој со големи букви пишува – Црвена Звезда. Тоа секако не би бил никаков проблем да е на меч на црвено-белите од Евролигата во Белград или во некој друг европски град, но изборот е дискутабилен за натпревар на кој се слави – Македонија.
Особено што Антиќ како предводник на макбаскетот на располагање има неограничена количина спортска гардероба со знамето и грбот на нашата држава, со што секако и адекватно би ја претставил федерацијата на чие чело е, а и би им оддал почит на актерите на паркетот, кои изминативе две децении ги „оставија коските“ за Македонија.