Лоша вест за Динамо: Заврши годината за Адеми!

Повредата која Аријан Адеми ја заработи за викендот во натпреварот против Славен Белупо се покажа дека не била наивна и македонскиот фудбалер ќе мора да отсустувва од терените.

Тренерот на Динамо, Ненад Бјелица на денешната прес-конференција за медиумите изјави дека за Адеми 2024 година е завршена.

„Нема да можеме да сметаме на Адеми до крајот на годината“, потврди Бјелица.

Очекувањата се Адеми да се врати на теренот за околу три недели.