Рашфорд на излезни врати од „Олд Трафорд“: Манчестер јунајтед ја одредил цената

Eкипата на Манчестер јунајтед со Рубен Аморим врти нова страница за која се надева дека ќе биде поуспешна, а една од „жртвите“ по заминувањето на Ерик Тен Хаг би можел да биде Маркус Рашфорд.

Англискиот голгетер кој е продукт на академијата на Манчестер јунајтед во дресот на „црвените ѓаволи“ дебитираше на 18-годишна возраст во 2016 година и изгледаше дека ќе биде долгорочно решение како лидер во нападот.

Во сезоната 2022/2023 Рашфорд и ги оправда очекувањата бидејќи постигна 30 голови во сите натпреварувања, сепак потоа дојде до пад во неговата форма.

Наводно, Аморим по пристигнувањето во клубот воопшто не бил импресиониран од залагањето на фудбалерот кој добива огромни 325.000 фунти неделно. Британските медиуми шпекулираат и дека Манчестер јунајтед ја одредил цената која ќе изнесува 50 милиони фунти.