ЛШ: Реал Мадрид на тежок испит во Бергамо, „кралевите“ без право на грешка!

Во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите вечерва се играат натпревари од шестото коло, а во нив може да очекуваме настап само на еден македонски фудбалер, додека најинтересно се очекува да биде во Бергамо каде што гостува Реал Мадрид.

Стефан Ристовски е единствениот кој е подготвен од четворицата Македонци кои се дел од европската елита сезонава. Согирачот на Адеми, Стефан Ристовски е повреден и веќе пропупшти неколку натпревари, па нема да биде во комбинација за настап и денеска во натпреварот на Динамо против Слетик во Загреб.

Жирона во текот на вчерашниот ден потврди дека Бојан Миовски на еден од последните тренинзи се здобил со повреда на глуждот, па нема да може да помогне во дуелот против Ливерпул.

Елмас како што е познато од претходно исто така е повреден и надвор од комбинација за натпреварот на Лајпциг со Астон Вила.

Натпреварот кој вечерва привлекува најголемо внимание се игра во Бергамо каде што Реал Мадрид гостува на Аталанта. Аталанта игра во фантастична форма и тоа може да биде проблем за избраниците на Анчелоти кои сезонава не блескаат во Лигата на шампионите.

По пет кола Реал Мадрид има само шест бода и се наоѓа на 24 место, последното кое води во плеј-офот од натпреварувањето. Аталанта од друга страна ги радува своите навивачи во Европа каде што е на петтото место со пет бода повеќе од најтрофејниот тим во Лигата на шампионите. Треба да се напомене и дека екипата предводена од Гасперини е без пораз.

Интересно може да биде и во Леверкузен каде што гостува Интер кој е второпласиран тим на табелата зад Ливерпул. Италијанскиот тим има 13 бода, но солиден и Баер кој со 10 бода е на шестото место.

ЛШ 6. КОЛО
18:00 Динамо Загреб – Селтик
Жирона – Ливерпул
21:00 Аталанта – Реал Мадрид
Баер Леверкузен Интер
Брест – ПСВ
Клуб Бриж – Спортинг
Лајпциг – Астон Вила
Салзбург – ПСЖ
Шахтјор – Баерн Минхен