Фантастичните партии не остана незабележани: Реал загриза за Палмер
Со оглед на тоа што има само 22 години, Реал во Палмер гледа долгорочно решение за нападот. Англичанецот е еден од најзаслужните за ренесансата на Челси кој по подолго време повторно е во врвот на Премиер лигата и атакува на шампионската титула.По 15 кола, Палмер е трет стрелец во шампионатот со 11 гола и 6 асистенции, зад Мохамед Салах и Ерлинг Халанд.
Сепак, остварувањето на идејата да го донесе Палмер во тимот нема воопшто да биде лесна работа за Реал. Фудбалерот има договор со Челси до 2033 година, неговата вредност се проценува на 90 милиони евра, но премиерлигашот не планира да почне преговори без понуда од 150 милиони.
Со оглед на тоа што во Реал веќе игра друг англиски репрезентативец - Џуд Белингам, Палмер ќе има помош при адаптацијата, а поради возраста, двајцата би можеле уште долго да го носат белиот дрес.