Крис Пол го надмина Џејсон Кид и испиша историја во НБА (ВИДЕО)

Легендарниот кошаркар Крис Пол испиша историја на дуелот меѓу Сан Антонио спарс и Њу Орлеанс пеликанс (121-116), откако стана втор асистент на вечната листа во НБА-лигата.

Пол со додавањето кон Вембањама го надмина поранешниот кошаркар Џејсон Кид и стигна до бројката од 12.092 асистенции во најсилната кошаркарска лига.

Недопирлив на врвот останува Џон Стоктон, кој во кариерата запиша неверојатни 15.086 асистенции.