Јокиќ може сѐ, дури и да погоди тројка од центар (ВИДЕО)
На голем одмор замина со 25 постигнати поени, а Денвер водеше со 71-48. Круна на фантастичната игра во тие 12 минути беше тројката постигната од половина терен со звукот на сирената и тоа преку Клинт Капела.
Тројката помина низ обрачот „без коски“, а Јокиќ се однесуваше како да не направил ништо посебно и не го ни прослави кошот.