Алкалоид му даде 46 гола на Радовиш!
Натпреварот требаше да се игра во Радовиш, но се одигра во Автокоманда. Алкалоид немаше милост за својот противник, па до врв ја наполни неговата мрежа.
На полувремето беше 25-9, а ракометарите на Лазаров не застанаа и во второто полувреме, па конечниот резултат беше 46-21.
Александар Петковски со осум гола беше најефикасен во составот на Алаклаоид, кај Радовиш Ончев, Трајанов, Атанасов и Костадинов постигнаа по три погодоци.