ЕХФ удри по Пелистер поради расистички навреди на мечот со Фредериција!
Судот на ЕХФ утврдил дека дел од навивачите на македонскиот клуб расистички навредувале ракометари гостинскиот тим. Во одлуката беше нагласена мисијата на ЕХФ да промовира пријателство и разбирање меѓу клубовите, без дискриминација по основа на раса, религија или политика. Името на навредуваниот ракометар на гостите не е споменато во одлуката, но неофицијално станува збор за Кубанецот Рение Табоада, кој е единствен црномурест во тимот на Фредериција и кој пред неколку сезони настапуваше токму за Пелистер.
Казната од 6.000 евра вклучува и условна компонента – 1.000 евра ќе бидат активирани само доколку во следните две години клубот повторно се најде во слична ситуација. ЕХФ потврди дека оваа санкција е дел од нивната политика на „нулта толеранција“ кон расизмот и несоодветното однесување. Клубот има право да поднесе жалба пред Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена од донесувањето на одлуката.