Алкалоид со втор триумф над Вест Виен го завери осминафиналето од ЕХФ Купот (ФОТО)
Избраниците на Кире Лазаров го преземаа водството на почетокот на мечот и во еден момент стигнаа до плус седум голови (15-8), по што Вест Виен намали на 12-16 на полувремето.
Вест Виен додаде гас на стартот на вториот дел и намали на два гола негатива (18-20), но потоа Алкалоид повторно ја зголеми разликата и на крајот триумфира со 32-29.
Најефикасни во редовите на Алкалоид беа Мартин Серафимов и Александар Петковски кои постигнаа по седум голови, додека Мелешниг погоди пет пати за Вест Виен.