Тепаниот ракометар на Загреб ќе го пропушти СП поради нокаутот од – соиграч!
Клубот потврди дека против Кос е покрената дисциплинска постапка, а казната ќе биде објавена во наредните денови. Хрватските медиуми објавија дека инцидентот се случил во соблекувалната, каде што Кос физички нападнал соиграч. Според истиот извор, до конфликтот дошло откако дел од играчите му забележале на Кос за слабата форма, а реакцијата кулминирала со физичка пресметка.
„Кос го удрил хрватскиот голман и репрезентативец Матеј Мандиќ со тупаница, нанесувајќи му повреда што може да го спречи да настапи на Светското првенство. За закрепнување ќе бидат потребни четири до шест недели“, пренесуваат медиумите. Дополнително, другите играчи интервенирале за да го спречат инцидентот, при што и Звонимир Срна наводно физички го нападнал Кос.
Кос, кој е српски репрезентативец, се наоѓа во лоша форма, со оглед што на последните два натпревари постигна само три гола од 17 обиди, што дополнително предизвикало незадоволство кај соиграчите.