Николов со Борац освои три бода, Челси го совлада и Хајденхајм (ВИДЕО)

Премиерлигашот Челси гази сè пред себе во Конференциската лига, откако вечерва го запиша и четвртиот триумф откако славеше со 2-0 против Хајденхајм, додека Борац Бања Лука со пресврт го совлада ЛАСК.

Првото полувреме заврши без голови, но затоа Челси на стартот на вториот дел преку Кристофер Нкунку поведе со 1-0, додека победата ја потврди Михајло Мудрик со прекрасен гол во 86. минута од средбата.

Борац Бања Лука славеше против ЛАСК со пресврт, откако прими гол од Бериша на почетокот на второто полувреме, но потоа Деспотовиќ и Скоруп стрелаа за целосен пресврт (2-1). Македонскиот интернационалец Бобан Николов беше стартер на мечот и одигра 57 минути на теренот.

Дарко Чурлинов, исто така, настапи со Јагелонија против Целје, но освои само бод на незгодното гостување (3-3).

Резултати:

Серкл Бриж – Хартс 2-0
Динамо Минск – Копенхаген 1-2
Молде – АПОЕЛ 0-1
Ноа – Викингур Рејкјавик 0-0
Панатинаикос – ХЈК 1-0
Сент Гален – ТСЦ Бачка Топола 2-2