Гвардиола: Не сакав да ги исмејувам луѓето со ментални проблеми

Maнчестер сити не успеа да победи ниту шести натпревар во низа и вчера против Феенорд одигра 3-3, иако до 75 минута избраниците на Пеп Гвардиола имаа водство од 3-0.

Во центарот на вниманието по поразот се најде Пеп Гвардиола кој пред медиумите се појави со гребаници на главата и носот. 

„Се исеков сам на носот со прстот, со ноктот, сакам сам да се повредувам“, одговори Пеп на прашањето за гребаницата“, гласеше објаснувањето на шпанскиот стратег кое звучеше бизарно.

Денеска Пеп сепак излезе со соопштение во кое се извини порачувајќи дека не сакал да ги исмејува луѓето кои се соочуват со ментални проблеми.

„На прес-конференцијата вчера неспремен ме затекна прашање за гребаниците на лицето и главата, објаснив дека тоа случајно сум го направил со ноктот. Мојот одговор во никој случај немаше намера да го намали сериозниот проблем со самоповредувањето. Знам дека многу луѓе секојдневно се борат со проблеми со менталното здравје и би сакал во овој момент да истакнам дека еден од начините на кој можете да си помогнете е со повикувањето на телефонскта линија „Самартинас или со испраќае емаил на нивната адреас“, објави Шпанецот.