Манчини: Не бев селектор на Саудиска Арабија поради пари

Роберто Манчини тврди дека работата во Саудиска Арабија каде што беше селектор на оваа земја не ја прифатил поради пари.

Летото 2023 година, Maнчини изненадувачки ја напушти Италија која ја одведе до титулата европски шампион и ја презема Саудиска Арабија каде што имаше договор според кој заработуваше 30 милиони евра годишно.

Но, на кормилото на оваа селекција не му одеше. Пред него беше поставена задача да го освои Азискиот куп и да се пласира на наредниот Мундијал. Првата задача не само што не ја исполни, туку и доживеа вистински дебакл. Во квалификациите за Мундијалот лошо започна и доби отказ, а на негово место Саудиска Арабија го доведе Ерве Ренар.

„Не велам дека тоа за тренер е мала сума, иако заработував помалку отколку што се пишува во медиумите. Сепак, тоа не беше одлучувачки актор за да ја напуштам Италија“, изјави Манчини.