Пикси добил богата понуда, Србија ќе го замени со звучно име од Италија?!
Искусниот италијански тренер, Маурицио Сари наскоро би можел да го кормилото на репрезентацијата на Србија, пренесува „Република“.
Наводно, Сари е главен кандидат на Фудбалскиот сојуз на Србија за наследник на Пикси кој може да замине во Азија од каде што добил милионска понуда.
Иако самиот Пикси неодамна изјави дека сега не е момент да разговараат за негова замена, изгледа дека ФСС активно ги разгледува потенцијалните кандидати и на таа листа највисоко котира Сари.
Сари во својата кариера помеѓу останатите беше тренер на клубови како Челси, Јувентус и Лацио, а сега би можел да се проба и како селектор. Од друга страна Пикси има искуство во Азија и тоа шест години од 2008 до 2014 година кога со Нагоја прво го освои првенството, па потоа и Суперкупот.