Чудна ситуација во ЛШ: Де Кетеларе учествуваше во постигнувањето на пет гола, а не е играч на натпреварот
Белгискиот репрезентативец постигна два и асистираше за уште три гола на Аталанта и им се придружи на Лионел Меси, Луиз Адријано и Ерлинг Халанд кои досега го држеа рекордот во Лигата на шампионите со тоа што тие немаа асистенции, туку постигнаа по пет гола на еден меч. Меси го направи тоа во 2012 година против Баер, Луиз Адријано во 2014 година против Шахтјор, а Халанд лани против Лајпциг.
Сепак, ни ваквиот ефект на Де Кетеларе не беше доволен тој да биде прогласен за играч на натпреварот против Јанг Бојс. Признанието отиде во рацете на неговиот соиграч Матео Ретеги кој беше стрелец на два гола, но немаше ниедна асистенција.