НЦАА шампионот на колена пред Андреј Јакимовски (ВИДЕО)
Херој на победничкиот тим беше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски кој оствари дабл дабл, но и го постигна кошот за победа на девет секунди пред крајот. При водство на Јукон од 72-71, нашиот кошаркар погоди по влез за водство и триумф на Колорадо кој сега има биланс 5/1 оваа сезона. Дуелот се играше во рамките на турнирот Мауи на Хаваи, во борбата за пласман од петтото до осмото место, но дуелите од овој турнир се сметаат во основниот дел од НЦАА.
За 33 минути во игра, Јакимовски постигна 12 поени, 10 скока, една асистенција и една украдена топка и беше трет стрелец во својот тим, зад Мелоун и Хемонд кои постигнаа по 16 поени.
Јукон (Универзитет Конектикат) беше шампион на НЦАА претходните две сезони и има вкупно шест титули во ова натпреварување.За Колорадо тоа беше само втора победа во меѓусебните дуели во историјата.