Дибала е подготвен да си оди во Аргентина, да потпише за Бока!

Сопругата на Пауло Дибала, Ориана Сабатини потврди дека фудбалерот на Рома е подготвен да се врати во Аргентина и да потпише за Бока Јуниорс ако тоа од него го побара Леандро Паредес.

Се шпекулира дека фудбалерот од средниот ред на Рома, Леандро Паредес ќе се врати во Аргентина и ќе потпише за Бока Јуниорс.

Паредес е голем пријател со Дибала, па се верува дека тој ќе сака и двајцата да отидат таму.

„Ако Паредес сака Дибала да оди во Бока, тој ќе оди со него“, открива Ориана Сабатини.

Дибала минатото лето одби голема понуда од Саудиска Арабија со цел да остане во Рома, но работите таму не се одвиваат како што посакува. Римскиот тим е поблиску до зоната за испаѓање отколку до местата кои водат во Лигата на шампионите.