Жестоки критики за Салах: Тоа што го направи е себично, воопшто не мисли на клубот
Договорот на Салах истекува на крајот на сезоната, а Салах за новиот договор изјави дека се уште нема никаква реакција од клубот.
„Речиси сме декември и јас се уште не сум добил никаква понуда да останам во клубот. Веројатно повеќе сум надвор, отколку внатре. Ситуацијата не е во мои раце. Како што кажав, декември се и се уште не знам ништо за својата иднина“, зборуваше фудбалерот на „црвените“.
Неговите коментари не се допаднаа на легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер кој денес работи како стручен аналитичар за „Скај“.
„Секако дека се разговарало. Во овој момент очигледно постои голема разлика во проценката како Салах и неговиот агент се ценат себе во смисла на должината на договорот и како на таа ситуација гледа Ливерпул. Значи, причината што Ливерпул се уште не му понудил договор е тоа што Салах ќе го одбие. Се уште се во преговори, очајнички сакам да се најдат на средина.
Но, морам да кажам дека сум разочаран од Салах. Тоа интервју во овој момент...Ливерпул игра против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па против Манчестер сити во Премиер лигата и тоа е најважно за клубот во овој момент“, потенцираше Карагер, па повторно го критикуваше Салах.
„Локалните новинари кои го следат клубот знаат дека во седум години двапати застана пред новинарите во микс-зоната. Сега застана третпат и го кажа тоа по победа на Ливерпул. Ако продолжи да дава такви коментари или неговиот агент продолжи со објавувањето мистериозни твитови, тоа е себично. Во таков случај, размислува само за себе и не за клубот“, заклучи Карагер.