Салах ги разбуди богаташите - се сели во Саудиска Арабија?

Една од најголемите ѕвезди на Ливерпул, Мохамед Салах игра одлично и оваа сезона во дресот на премиерлигашот, но кажа дека е разочаран од управата на тимот и најави заминување на крајот на сезоната.

Салах има договор до јуни 2025 година, но најверојатно ќе замине од клубот затоа што досега никој не му понудил нова соработка, а тоа ги врати екипите од Саудиска Арабија во битка за неговиот потпис.

Ал Итихад минатата година се обиде да го купи Салах за 150 милиони фунти, но Ливерпул тогаш ја одби понудата, а сега е во опасност да го загуби Египќанецот целосно бесплатно.

Како еден од најзаинтересираните тимови за Салах во моментов е Ал Хилал, кој дефинитивно ќе има конкуренција да го добие потписот на фудбалерот.