„Ако наскоро не почнеме преговори, ќе си заминам од Манчестер сити“
Премиерлигашот, сепак, се соочува со уште еден проблем, а тоа е можното заминување на Кевин Де Брајне кој има договор до крајот на сезоната.
„Не знам дали ќе останам во клубот. На почетокот на сезоната знаев дека требаше да почнеме преговори, но потоа се повредив и сè остана во втор план. Не сум премногу загрижен, но ќе видиме што ќе се случи. Ако наскоро не почнат преговорите, ова ќе биде моја последна сезона во клубот“, кажа Де Брајне.
Белгиецот игра за „граѓаните“ од 2015 година, откако претходно го носеше дресот на Генк, Челси, Вердер и Волфсбург.