Саинц и Леклер се скараа по трката во Лас Вегас (ВИДЕО)

Ферари конечно ги подобри резултатите во завршницата од сезоната, но очигледно возачите Шарл Леклер и Карлос Саинц не се во најдобри односи, а тоа можеше да се забележи по трката во Лас Вегас.

Леклер ја заврши трката во Лас Вегас зад тимскиот голета Саинц, иако Шпанецот доби тимска наредба да не го премине колегата.

Шпанскиот возач реши да го премине Леклер, кој потоа веднаш се пожали и му посочи на тимот дека можеби треба да испратат порака на шпански јазик за да ги разбере Саинц.

Саинц не му остана должен на Леклер со кој ќе соработува до крајот на сезоната, по што се сели во Вилијамс.

„Не ја користам радио врската за да се жалам, ниту медиумите за да изразам незадоволство. Такви работи се решаваат во самиот тим, зашто во спротивно никогаш нема добар епилог“, кажа Шпанецот.