Јужноамериканците се луди: Аргентинец на стадион дојде со черепот на својот дедо (ВИДЕО)
Еден од навивачите на аргентинскиот клуб Расинг успеа да ја шокира публиката - со себе на трибините донесе вистински череп. Запрашан за потеклото и причината за овој несекојдневен навивачки „реквизит“, тој даде објаснување.
„Ова е черепот на мојот дедо. Тој беше голем навивач на Расинг и беше на трибините кога го освоивме Копа Либертадорес во 1967 година“, изјави лудиот аргентински фан.
Тој објасни дека во 2019 година, кога Расинг станал шампион на Аргентина, тој го ископал черепот на својот дедо и оттогаш го носи на сите натпревари како талисман. Овој необичен гест го „врати“ неговиот дедо на уште едно финале по пауза од 57 години, во кое Расинг ноќеска го совлада бразилскиот Крузеиро (3-1), освојувајќи го јужноамериканскиот трофеј.