„Бомба“ во тенисот: Енди Мареј нов тренер на Ѓоковиќ!

Британецот, Енди Мареј ќе биде новиот тренер на Новак Ѓоковиќ, потврди српскиот тенисер.

Ѓоковиќ информацијата ја потврди со објава на социјалните мрежи, а ова е големо изненадување бидејќи Мареј досега нема искуство како тренер.

„Возбуден сум што еден од моите најголеми ривали ќе биде со мене на иста страна на мрежата, сега како мој тренер. Се радувам што ја започнувам сезоната заедно со Енди кој ќе биде покрај мене во Мелбурн каде што делевме многу моменти од кариерата“, истакна Ѓоковиќ

Ѓоковиќ и Мареј се договорија за соработка во припремите за новата сезона и Австралија Опен кој е на програмата во јануари, а во зависност од резултатите договорот би можел да биде и продолжен.