Реми во Битола: Пелистер врза два натпревари без пораз во ЛШ! (ФОТО)

По првата победа во претходното коло, Пелистер вечерва го освои четвртиот бод во Лигата на шампионите одигрувајќи реми 29-29 во Битола против данска Фредериција.

Гостите беа подобар противник во добар дел од натпреварот и констатно имаа предност.  Во завршницата од првото полувреме Фредериција имаше и највисоки четири гола предност, но на пауза сепак се замина со 13-16. Пелистер во овој прв дел во ниту еден момент немаше водство.

Слична игра гледавме и во почетните минути од второто полувреме, но како што одминуваше времето како Пелистер да почнуваше да се буди. 

Најдобар период за Пелистер беа последните 15 минути кога по две одлични одбрани на голманот Никола Митревски за првпат и стигнаа до водство (22-23).

Во продолжение гледавме неизвесен натпревар и се играше „гол за гол“. Избраниците на Раул Алонсо во еден момент имаа и напад за два гола разлика, но не го искористија. Фредериција потоа го врати водството и во последните две минтуи влезе со предност од 28-29.

Пелистер успеа да дојде до израмнување, а потоа во последните секнди Борзаш доби прилика со удар од девет метри да донесе нов триумф, но не беше прецизен.

На Пелистер на оваа средба недостасуваа одбраните на Никола Митревски кој средбата ја заврши со пет интервенции. Најефикасен беше Богдан Радивојевиќ со седум гола, додека Филип Кузмановски пет пати ја затресе мрежата. 
Во редовите на Фредерција седум постигна Мартинусен, а солиден настап имаше и поранешниот ракометар на битолскиот клуб, Табоада кој постигна пет гола.

На табелата по осум кола Пелистер сега е шести со четири бода, Фредериција има три, Висла два, но полскиот тим е и со натпревар помалку. За шпанскиот стратег денешниот натпревар беше и негово деби во Лигата на шампионите на клупата на „пелистерци“.