Не е чудо што го сакаат сите: Ѓокереш даде 32 гола оваа сезона, а уште сме ноември!
Ѓокереш вчера даде четири гола за Шведска во победата над Азербејџан од 6-0.
Стигна вкупно до бројка од 32 гола и 7 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона. А уште сме ноември.
Тој во моментов е најдобар стрелец во Лигата на нации, најдобар стрелец во Лигата на шампионите заедно со Кејн, Левандовски и Рафиња (имаат по 5 гола), најдобар стрелец во Португалската лига и најдобар асистент во Лигата на нации.
За него има интерес речиси од сите големи клубови, но се шпекулира дека во предност е Манчестер јунајтед поради неговиот довчерашен тренер, Рубен Аморим. Евентуалниот трансфер би се реализирал по крајот на сезоната.