Никој како Димитриевски во Лигата на нации!

Заврши групната фаза од Лигата на нации, се сумираат статистиката, а кога се во прашање голманите, таму број еден е нашиот Столе Димитриевски.

Димитриевски е единствениот голман кој не примил гол на пет натпревари во Лигата на нации оваа сезона, Македонецот е и единствениот голман кој има асистенција.

Единствениот гол кој го прими Димитриевски беше од пенал против Фарски Острови, оттогаш поминаа 531 минута како неговата мрежа не се тресеше.

Само еден гол има примено и Молдавија, но тоа е во група со три репрезентации, што значи дека одиграле само четири натпревари, на три ја сочувале мрежата.