Мекиќ: Мора да дадеме 200% за да направиме изненадување против Литванија

Македонската кошаркарска репрезентација ги финализира подготовките пред утрешниот меч против Литванија, исклучително важен во борбата за пласман на Европското првенство.

Нашиот тим ќе настапи десеткуван на овој дуел бидејќи нема да играат Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ, но оние што ќе настапат треба да се покажат во тешките моменти. Адем Мекиќ е свесен за тоа и ги повикува соиграчите да извадат се од себе.

„Литванија е една од најсилните репрезентации во светот, а дуелите со неа се од исклучително значење за нас. Имавме успех на гостувањето во Полска, ќе мораме сите да бидеме на висина на задачата, да дадеме 200% од нашите можности и да се обидеме да изненадиме барем на домашен терен. Како репрезентација, мораме да бидеме агресивни, секако дека го респектираме противникот, но не смееме да се повлечеме. Мораме да веруваме во позитивен резултат“, вели 29-годишниот кошаркар.