Финалето на СП во Саудиска Арабија ќе се игра на спектакуларен стадион

Светското фудбалско првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија и тоа е вест која е позната нешто повеќе од една година кога од трката за домаќинство се повлече Австралија и така Саудијците останаа единствен кандидат.

Познато е дека првенството ќе се одржи во пет различни градови на вкупно 15 стадиони од кои 11 ќе бидат нови. Преку дигитални фотографии, Саудијците веќе и претставија еден од стадионот. 

Станува збор за стадионот „Крал Салман“ кој ќе има капацитет од околу 92.000 седишта. На овој стадион би требало да се игра првиот натпревар и големото финале.
Изградбата на стадионот треба да започне во 2025 година, додека отворањето е планирано за 2029 година.