Селекторот на Романија: Фудбалерите на Косово се однесуваа како – кретени!
Во натпреварот што се одигра во Букурешт, косовските фудбалери го напуштија теренот поради скандирања од трибините, по што натпреварот беше службено регистриран во корист на Романија. Освен инцидентите за време на натпреварот, дополнителни критики беа насочени кон однесувањето на косовските фудбалери во соблекувалната. Романските медиуми објавија видео кое покажува дека просторијата е оставена во целосен неред.
На ова реагираше и селекторот на Романија, легендарниот Мирчеа Луческу, кој остро ги осуди постапките на противничките играчи.
„Пред три дена, фудбалерите на Косово беснеа, кршеа предмети, се однесуваа недолично, како кретени и ширеа лаги. На крајот, сакаа да се претстават како жртви. Кога играте на ова ниво, потребна е барем минимална пристојност,“ изјави Луческу.