Ракометарките на Чаир против чешки тим ќе испишуваат нова историја во Европа!

Тимот на Чаир, единствениот македонски претставник во Европскиот Куп, во осминафиналето од ова натпреварување ќе се соочи со Славија Прага, беше одредено на денешната ждрепка што денеска беше извршена во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Чешкиот состав, каде што настапува македонската интернационалка Ангела Јанкуловска, во претходната рунда го елиминира италијанскиот тим Салерно.

Првиот натпревар е закажан за 11 или 12 јануари во Прага, додека реваншот ќе се игра на 18 или 19 јануари во Скопје.