Суперкупот на Франција место во Пекинг, ќе се игра во Доха
Мечот беше планирано да се одржи на 8 август годинава во Пекинг, како дел од прославата на 60-годишнината од француско-кинеските дипломатски односи, но тоа беше откажано од кинеските власти. Слично беше и лани кога како домаќин беше планиран Тајланд, за потоа да се смени локација, на стадионот на ПСЖ.
Сега, како ново решение е избран главниот град на Катар, Доха каде пред две години се одигра финалето од Светското првенство. Датумот на одигрување на овој натпревар е 5 јануари и со него официјално ќе почне новата година во францускиот фудбал.