Хрватска оди во плејоф, Србија ќе се бори за опстанок (ВИДЕО)
„Коцкестите“ во Сплит одиграа 1-1 против драстично ослабениот ривал за кого денешниот натпревар немаше никакво резултатско значење и голем дел од значајните фудбалери ослободи и ги пушти да се вратат во своите клубови. И покрај тоа, гостите дојдоа до водство преку Жоао Фелкикс во 33. минута по фантастичното додавање на Витиња.
Хрватска израмни преку Јошко Гвардиола во 65. минута, а потоа до крајот успеа да го одбрани нерешениот резултат. Со оглед на победата на Шкотска во Полска со 2-1, со евентуален пораз Хрватска немаше да игра во плејофот, туку ќе се бореше за опстанок, како третопласирана во својата група. Таа позиција сега ѝ припадна на Шкотска, а од А-лигата на нации испаѓа Полска која освои четири победа и оваа репрезентација ќе ѝ биде потенцијален противник на Македонија во следниот циклус.
За разлика од Хрватска, на Србија ѝ беше потребна победа против Данска, но не успеа да постигне гол и мечот во Лесковац заврши 0-0. „Орлите“ беа многу подобар противник, особено во првото полувреме во кое упатија 15 удари од кои пет директно во рамките на голот на противникот, но Шмајхел не беше совладан.
По ова, во плејофот од оваа група одат Шпанија и Данска, Швајцарија и пред ова коло беше испадната, додека Србија ќе игра бараж за опстанок против некоја од четирите второпласирани репрезентации од Б-лигата на нации.
РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА 1
Хрватска - Португалија 1-1
Полска - Шкотска 1-2
ТАБЕЛА: Португалија 14 бода, Хрватска 8, Шкотска 7, Полска 4
ГРУПА 4
Србија - Данска 0-0
Шпанија - Швајцарија 3-2
ТАБЕЛА: Шпанија 16 бода, Данска 8, Србија 6, Швајцарија 2.