Премиерлигашка ѕвезда не може да игра за репрезентацијата зашто го - изгубила пасошот!

Искусниот фудбалер од редовите на Вест хем, Мајкл Антонио ќе мора да го пропушти следниот натпревар на репрезентацијата на Јамајка кој треба да се одигра против САД.

Селекторот на Јамајка, Стив Мекларен кажа дека Антонио го загубил пасошот и не смее да настапи на следниот натпревар за неговата селекција.

Јамајка и САД ќе се соочат во реваншот од Лигата на нации на КОНКАКАФ.