Платини: Веднаш би ја укинал ВАР-технологијата!

Поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини не е задоволен со насоката во која се движи модерниот фудбал.

Платини за италијанските медиуми кажа дека ВАР-системот не ја унапредил играта, па поради тоа веднаш би преземал мерки за технологијата.

„Веднаш би ја укинал ВАР-технологијата. Можеби ќе ја оставам само при офсајд ситуациите, каде што треба да се повлече линија и да се забележи дали играчот е во недозволена позиција. Судиите мора да решаваат дали постои прекршок или не“, кажа Платини.